дома Свет (Видео) Нacлeдcтвoтo ce yштe пocтoи: Poднинa нa Пабло Ескобар пpoнaшoл 18 милиoни...

(Видео) Нacлeдcтвoтo ce yштe пocтoи: Poднинa нa Пабло Ескобар пpoнaшoл 18 милиoни дoлapи

Роднина на покојниот водач на колумбискиот нарко картел Пабло Ескобар открил едно од неговите тајни места со 18 милиони долари, пренела мрежата Red Mas Noticias.

Николас Ескобар за таа мрежа изјавил дека скрвалиштето било во неговиот дом во Меделин, град во кој било седиштето на Ескобар.

Роднината рекол дека „претскажување“ го довело до одредениот дел на куќата каде ја открил залихата во смрдлива кеса.

Десетици години старите пари биле во толку лоша состојба и се неупотребливи.

Во кесата имало и грутка злато, уред за комуникација, снимки, машина за пишување, пенкало и камера со филм кој не можел да се развие.

Приказните за скривалиштата на Ескобар сѐ уште кружат во Меделин.

Николас Ескобар, кој се гордее со сродството со наркобосот, рекол дека веќе пронашол неколку скривалишта.

Еден од најбогатите криминалци во историјата Пабло Ескобар имал милијарди долари годишен приход.

Обвинет е за околу 6.000 убиства, а водачот на наркокартелот убиен е во 1993 година на 44 години во Меделин.