дома Балкан (Видео) НECРЕЌНАТА СУДБИНА ГИ СПОИ: Слeпо девојче запеа со Саша Матиќ и...

(Видео) НECРЕЌНАТА СУДБИНА ГИ СПОИ: Слeпо девојче запеа со Саша Матиќ и ги трогна сите

По концертот во Књажевац, на Саша Матиќ му пријде 16-годишната Лана, која, како што вели мајка и, пред три години, поради генетски причини потполно го загубила видот.

Нејзината дијагноза е конечна, но Лана, не само што е одличен ученик, туку знае и прекрасно да пее.

Таа заедно со Матиќ запеа еден од неговите најголеми хитови.

-Ова е мојот најсреќен ден во животот, изјави Лана, а Саша Матиќ кога го слушна нејзиниот глас предвиде блескава кариера доколку почне да се занимава со музика.