дома Свет (Видео) Нepeaлнo: Peдoк фeнoмeн вo Kaлифорнија – ce пojaви oгнeнo тopнaдo пopaди...

(Видео) Нepeaлнo: Peдoк фeнoмeн вo Kaлифорнија – ce пojaви oгнeнo тopнaдo пopaди eкcтpeмнитe вpeмeнcки ycлoви

Редок феномен е забележан за време на пожарот во градот Тенант, Северна Калифорнија.

Тоа е огнено торнадо, пишува Би-Би-Си. „Ова е еден од најновите знаци на екстремни временски услови што им се закануваат на западниот дел на Соединетите држави, кои се соочуваат со голема суша и рекордно високи температури“, пишува Би-Би-Си.

Иако се ретки, слични феномени се забележани неколку пати во оваа област во последните неколку години.

Огнените торнада се создаваат од пирокумулонимбуси, или таканаречени огнени облаци кои достигнуваат висина до 16 километри.

Пирокумулонимбусите се јавуваат кога, поради екстремната топлина предизвикана од масовни пожари, воздухот рапидно се крева, носејќи чад со себе и создавајќи огнени виори. Ова создава облаци во форма на наковална кои создаваат многу непредвидливи временски услови и им ја отежнуваат работата на пожарникарите.

Овие облаци исто така можат да создадат сува молња, односно молња што не носи дожд со себе.