дома Македонија (Видео) Објавена снимка од aпcењето на македонските државјани во Србија

(Видео) Објавена снимка од aпcењето на македонските државјани во Србија

Припадници на српското МВР во Белград расветлија повеќе кривични дела – тешки кражби и приведоа тројца државјани на Северна Македонија, од кои едниот има и српско државјанство, поради постоење основи на сомнение дека го сториле ова кривично дело, јавува Блиц.рс.

Полицијата ги уапси Б.С.(1997), Б.Н.(1990) и А.К. (1998), кои се обвинети дека во текот на ноември и декември годинава упаднале во станови и куќи на територијата на Белград со специјален алат за отворање блиндирани врати и од нив краделе пари, накит, часовници и други вредни предмети.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во Третото основно јавно обвинителство во Белград.

Извор, фото и видео: Блиц.рс