дома Спорт ВИДЕО: Ова се случува само во Романија – Хрват си даде ефектен...

ВИДЕО: Ова се случува само во Романија – Хрват си даде ефектен автогол

Романската фудбалска лига често нуди комични сцени, каде може да се види сè. Сега, фудбалер на Астра си даде неверојатен автогол во поразот од шампионот Клуж од 0-2.

Главна улога во оваа ситуација имаше хрватскиот интернационалец, Љубан Црепуљ, кој си даде ефектен автогол и по една мешаница си ја „заби“ топката во сопствената мрежа.

Екипата на Астра на крајот прими уште еден гол и го загуби домашниот дуел, на кој пред автоголот солидно му парираа на првакот од минатата сезона.