(Видео) Огромен пожap во Литон, каде што вчера беа измерени речиси 50 степени, евakyиран целиот град

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите на канадскиот град Литон, каде неодамна беше измерена рекордно висока температура од 49,6 степени, беа евакуирани, бидејќи местото беше погодено од пожари. Огнот се прошири од шумата до куќи, згради, автомобили, а градоначалникот Јан Полдерман рече дека „целиот град гори“.

Снимките од овој град покажуваат како пожарот уништува сè пред себе во едно мало гратче со 250 жители.

Силниот ветер, кој достигна брзина поголема од 70 километри на час, го донесе огнот на шумските пожари во самата населба.

“Страшно е. Гори целиот град. „Само 15 минути откако се појави првиот чад, пожарот беше насекаде“, изјави Полдерман за ЦБЦ.
Литон се наоѓа на 260 километри од Ванкувер, во Британска Колумбија, кој заедно со соседните делови на Канада и САД беше погоден од екстремно високи температури, кои убија стотици луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This