дома Македонија (видео) ОНА МЛАДО МОМЧЕ ВЕЌЕ ДВА ДЕНА СЕ ПРЕПЕЛКА ПРЕД НАШИОТ ШТАБ:...

(видео) ОНА МЛАДО МОМЧЕ ВЕЌЕ ДВА ДЕНА СЕ ПРЕПЕЛКА ПРЕД НАШИОТ ШТАБ: Да не беше трагично ќе беше смешно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на својата изјава ги коментираше личните напади врз него од страна на владеачката СДСМ. На обвинувањата за непотизам Мицкоски одговори дека ова кога не би било трагично би било смешно имајќи ја во предвид епидемијата на оваа негативна општествена појава изминативе 2 години откако Заев седна во премиерската фотелја. Тој го коментираше и лично портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за кого посочи дека се препелка веќе два дена пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ изнесувајќи лаги.

-Да не би било трагично би било смешно, ние гледаме една епидемична појава која што се случувала изминативе две години кога практично не постои висок функционер во СДСМ кој што до второ трето колено не успеал да вработи некој од своето семејство. Се обидува она младо момче, се препелка веќе два дена да ја споменува мојата сопруга и подалечен родинина кој што работел таму пред практично јас да станам дел од ракводоството АД ЕЛЕМ. Инаку мојата сопруга е вработена во гимназијата Гоце Делчев од 2005 година. Сега ако треба она да даде отчет затоа што ја после 15 години станувам претседател на ВМРО-ДПМНЕ еве барам јавноста да пресуди.