дома Спорт (Видео) Општа тепачka во грузискиот парламент

(Видео) Општа тепачka во грузискиот парламент

Тепачка во грузискиот парламент меѓу пратениците на опозициските партии и претставниците на власта, беше пренесувана во живо од грузиските телевизиски станици.

Според медиумите претставници на грузиски опозициски ТВ компании и членови на опозицијата насилно влегле во салата за состаноци на законодавниот дом.

Како што се наведува пратениците од опозицијата барале сите грузиски новинари пред зградата, кои од вчера бараат оставка на премиерот Иракли Гарибашвили, да бидат пуштени во парламентот.

Вчера, ТВ Пирвели објави дека снимателот Александар Лашкарава, еден од неколкуте претставници на медиумите претепан за време на нападот врз ЛГБТ активистите во Тбилиси на 5 јули, бил пронајден мртов, а стотици луѓе излегле на улиците на грузискиот главен град, повикувајќи ги властите да казнат ги одговорните.

Полицијата соопшти дека се уапсени четири лица кои учествувале во неговото тепање.

Насилните групи кои се спротивставија на Парадата на гордоста ги нападнаа ЛГБТ активистите и новинарите на 5 јули, објави претходно Ројтерс. Организаторите подоцна објавија дека Парадата на гордоста е откажана.