дома Македонија (Видео) Очекува сите да одговapaaт: Дескоска многу paзочарана од Катица

(Видео) Очекува сите да одговapaaт: Дескоска многу paзочарана од Катица

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју кое утре ќе биде објавено на „Макфакс“ рече дека е многу разочарана од однесувањето на екшефицата на СЈО, Катица Јанева, која е обвинета во предметот „Рекет“ на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Министерката кажа дека очекува сите инволвирани во постапката да одговараат. Таа во интервјуто говореше и тоа што би опфатил ветингот т.е. проверката на судиите и обвинителите во судството, за застарувањето на предметите во судовите, за извршителите и на други актуелни прашања.