дома Актуелно (Видео) Палевски: Власта користи удбини технологии за автодecтpyкција на Македонецот

(Видео) Палевски: Власта користи удбини технологии за автодecтpyкција на Македонецот

Власта преку медиумите влева страв во народот кој претставува главен блок за реакција на Македонецот, коментира Палевски за отсуството на реакција на народот на лошата состојба во Македонија.

Тој ги посочува т.н. протести кои се појавуваат пред влада, од околу 20 луѓе, кои вршат пренос во живо и оддаваат сосема погрешна слика. Ова, како што појаснува Палевски, е технологија на УДБА за обесхрабрување.

„Се прават протести од 20 луѓе, прават лајф стриминг, и Македонецот повторно е тажен, гледа сцена каде што се говори за Македонија, каде што се сечат вени за Македонија и гледа само 20 луѓе. Тоа е технологијата на УДБА, каде што не обесхрабрува. За да се покаже на сите околу нас, и надвор, на дијаспората, дека Македонецот не го бива, тоа е наменски направено“, појаснува Палевски.

„Треба да се престане, треба да се препознаваат овие удбини технологии за автодecтрукција, самонавредување, самоутепување со такви снимки и со такви наместени лаги, порачува Палевски