дома Актуелно (Видео) Палевски: Одлуката на Апелација за 27 април беше безобpaзна демонстpација на...

(Видео) Палевски: Одлуката на Апелација за 27 април беше безобpaзна демонстpација на сила

Во денешното издание на „Тешки муабети“ на Инфомакс Љупчо Палевски Палчо ја коментираше одлуката на Апелациониот суд кој ги потврди пресудите на оcyдените од 27 април и покрај бројните докази кои Инфомакс ги изнесе во јавноста. Дел од казните беа намалени, но тоа беше само симболично намалување. Палевски посочи дека Апелација, со одликата демонстрира сила и покажува дека на чело со Заев, оваа власт е подготвена да згази и уништи сѐ.

„За несреќа на затворените, сѐ она што ние го кажувавме не потврди Апелација. Не само што жалбите ги отфрли и ја потврди првостепената пресуда, со корекција лицемерно, безобразно, со корекција по една година, што е дрско, покажува демонстрира сила, безобразлук на овој систем на чело со Заев. Либерален систем, гази сѐ, уништува истории, а камоли ли четири, пет, десет животи. Тоа за нив е потрошен материјал, изјави Палевски.