- Advertisement -
Талибанците денес одржаа победничка воена парада на која продефилираа со американските оклопни возила, транспортери и хеликоптери.
Неочекуваната брзина со која напредуваа Талибанците при освојувањето на Авганистан ги натера странските воени сили да се евакуираат во најраток можен рок. По повлекувањето американските и сојузничките воени сили, зад себе оставија најмодерна воена опрема во вредност од неколку милијарди долари која сега е во рацете на Талибанците.