March 28, 2024, 10:08 am

(Видео) Пендаровски и Радев заминаа за Рим: Претседателот на Бугарија не пoздpaви нa бyгapcки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната изјава на скопскиот аеродром, претседателот Пендаровски и претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, по кратката тет-а-тет средба дадоа кратки изјави за новинарите.

Претседателот на Бугарија Радев, изјавата ја даде на бугарски јазик, а од страна на протоколот не беше обезбеден превод од бугарски јазик на македонски јазик.

Радев во изјавата најнапред се заблагодари на претседателот Пендаровски за гостопримството на оваа многу кратка посета.

– „Ова заедничко патување во Рим каде што ќе им оддадеме почит на светите браќата Кирил и Методиј е одличен повод да го обновиме дијалогот на нашите две страни на највисоко ниво. Воедно да ја истакнеме нашата добра воља за пријателство и добрососедство“. – изјави Радев.

Претседателот Пендаровски, најнапред се заблагодари за големиот интерес за оваа кратка средба со претседателот на Република Бугарија Радев. Ова е ретка прилика да го угостиме, макар и за кратко во Скопје претседателот на Република Бугарија.

„Поводот е одличен, одиме заеднички на чествување во Рим – во Ватикан, на светите браќа Кирил и Методиј. Се разбира дека освен тоа што го правиме секоја година ќе поразговараме за актуелните прашања што се во рамки на билатералните односи помеѓу Р.С. Македонија и Р. Бугарија. Ова беше само воведен разговор, една кратка средба, ќе имаме прилики и во Рим, можеби и на враќање да поразговараме дополнително. Немаме, се разбира, никакви исход од овој разговор бидејќи ова беше едно пријателско пиење кафе и само разговори за тоа што се случуваше последните два-три дена во Брисел. Знаете, јас реков и претходно дека оперативно разговорите помеѓу нашите две земји ги водат Владите, така ќе биде и понатаму, се разбира ние сме тука ако можеме да ја релаксираме атмосферата и да говориме за овој проблем кој постои во нашите односи последната година на еден поинаков јазик. Мислам дека е потребно да направиме обнова на довербата и како пријатели да разговараме и за најтешките прашања кои во моментов не разделуваат. Јас се надевам дека наскоро ќе не зближуваат“. – изјави претседателот Пендаровски.

На новинарските екипи не им беше дозволено да поставуваат прашања.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This