дома Свет (Видео) Пепел и паника: Огромна ерупција на вулканот „Семеру“ – 13 загинати

(Видео) Пепел и паника: Огромна ерупција на вулканот „Семеру“ – 13 загинати

Највисокиот вулкан во најгусто населениот индонезиски остров Јава исфрли пепел и предизвика паника меѓу жителите што живеат во близина.

При ерупцијата, тринаесет лица го загубија животот во провинцијата Источна Јава во Индонезија. По ерупција на вулканот Семеру во регионот Лумајанг, висок 3.676 метри, 11 околни населби биле покриени со густа пепел и чад.