(Видео) Подводeн Дедо Mраз го исчисти дното на Охридското Езеро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо подароци охридскиот подводен дедо Мраз носи отпадоци кои ги чисти од дното на Охридското езеро, а ги фрлиле несовесните граѓани.Никола Паскали и неговиот тим од НК „Акватек“ традиционално за Новогодишните и Божиќните празници од под вода го собираат ѓубрето кое ги гуши езерските води.

Велат и покрај апелите нема крај на лошите навики на поединци за кои дното на Охридското езеро претставува контејнер. Токму затоа со овие празнични еко акции повторно апелираат да се подигне свеста на граѓаните.

„Како и секоја година традиционално подводниот еко Дедо Мраз ја изврши својата мисија извадовме многу отпад и уште еднаш  ја покажавме несовесноста на граѓаните и повторно апелираме за чиста животна средина. Да не се фрла отпад и да ги инспирираме младите и другиот дел од населениетo да се вклучат активно во ваквите волонтерски еко акции“, вели Никола Паскали.

Најголемо загадување и проблем прават пластичните кеси вели Паскали.Решението е тие еднаш и засекогаш да се исфрлат од употреба.

„Очекуваме 2021  како што најави Министерството за животна средина  кеси повеќе да нема. И да се бориме што повеќе пластиката за еднократна употреба  да ја отфрлиме од употреба и да користиме природни биоразградливи материјали“, додава Паскали.

Години наназад нуркачите од Акватек вадат од езерото најразличен вид отпад  цели покуќнини и тоалтети, болјери, вц шолји, кади, кревети и секаков вид на мебел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This