дома Македонија (Видео) ПОД ПАДИНИТЕ НА КОЖУВ СЕ НАОЃА ЛОКАЛИТЕТОТ СМРДЛИВА ВОДА: Оваа вода...

(Видео) ПОД ПАДИНИТЕ НА КОЖУВ СЕ НАОЃА ЛОКАЛИТЕТОТ СМРДЛИВА ВОДА: Оваа вода лекува бубрежни болecти, стомачни заболувања и целиот уринарен тракт!

“Смрдлива вода” е локалитет чија вода лечи стомачни заболувања, уринарниот тракт и бубрежни бoлecти.

Најпосетуваниот туристички локалитет во општината е Смрдлива Вода. Живописната природа ќе ве воодушеви уште од почетокот на патот кој води кон падините на Кожув.

Конска река чие течение мами со диви предели и најразлични видови растенија. Минералните извори кај народот познати како „Смрдлива вода“ се богати со хидрокарбонатни минерализирани и слабо кисели води.

На 850 метри надморска височина на само 24 километри од градот Гевгелија, се наоѓа локалитетот Смрдлива Вода. Овде најчесто доаѓаат луѓе кои имаа проблеми со стомачни заболувања, уринарниот тракт но и бубрежни болecти, за да наточат од минералната вода. Водата навистина има остар мирис и специфичен вкус, но вреди да дојдете и да ја пробате.

Во овој живописен предел се наоѓа и познатата пекарница каде се меси најприродниот леб и се пече во фурна на дрва. Тајната на овој надалеку прочуен леб ја открива Софче.
Вистинска ботаничка градина богата со зимзелени шуми, медитерански растенија, но и ендемични видови, какво што е дрвото Гол човек за кое предмалку зборуваше нашиот соговорник Леонид.

Единствено зимзелено дрво кое двапати годишно ја менува својата лушпеста кора, лисјата му се јајцевидни а цветовите распоредени како гроздови. Ако имате можност да сретнете вакво дрво пред вас, кога ќе го допрете, имате чувство како допирате нежна човечка кожа, па токму затоа и го носи името ГОЛ ЧОВЕК.

По прошетка и рекреација на Кожув планина се враќаме во градот каде ако не пробате смокви како да не сте биле во Гевгелија. Кралицата на медитеранските овошки иако спаѓа во категорија на цвеќиња, од нејзе се прави највкусното слатко. По 11 пат оваа година (2017) се оддржа смоквијадата, манифестација на која учесниците се натпреваруваат кој ќе го свари највкусното слатко од зрели смокви.

Гевгеличани се докажаа дека се одлични домаќини кои го прават најдоброто слатко од смокви, вкусен ајвар, а мајстори се и за жолта paкија од која како што велат низ смеа утредента не те боли глава. По сето ова, ќе се согласите дека општина Гевгелија со право го носи епитетот – град на сонцето, традицијата и среќата.