дома Хроника (Видео) Пожарната со шлеп служба иckачена на Галичник

(Видео) Пожарната со шлеп служба иckачена на Галичник

Пожарникарскиот камион кон Галичник мораше да биде влечен со друго возило за да стигне до пожарот кој попладево избувна над селото, и кој засега сè уште не е локализиран.

Претходно, хеликоптерот на Армијата кој се упати да учествува во гаснењето на шумскиот пожар над селото Галичник, не можел да дејствува заради многу силниот и променлив планински ветер, соопшти Центарот за управување со кризи.