(Видео) Познатиот автомобил го менува логото по четвртина век

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатата автомобилска марка „Киа“, по повеќе од четвртина век го менува своето лого, познатиот овален знак на јужнокорејскиот гигант „Хјундаи-Киа“.

Новото лого ќе се појави на моделите на оваа компанија од 2021 година, изјави новиот извршен директор на „Киa“, Хо Сунг Сонг, зборувајќи за петгодишниот план на таа компанија, кој исто така ќе биде претставен на почетокот на следната година.

„План С“ значи не само промена на визуелниот идентитет на компанијата, туку и стратегија во производството, а Хо наведува дека нивните модели ќе бидат „подинамични, стилизирани и поинвентивни“, со поголемо потпирање на електричните возила, пренесува „Аутомотив њуз“.

Kиa планира да инвестира 25 милијарди долари во развој на нови модели и во следните пет години да има дури 11 електрични возила во својот асортиман.

Нивните претстојни електрични модели ќе се базираат на платформа која има умерена цена и ќе ја споделат со братскиот „Hyundai“. Јужнокорејската компанија очекува дека електричните модели ќе сочинуваат 20% од нивната светска продажба до 2025 година.

Логото на компанијата ќе биде драстично променето по повеќе од четвртина век и повеќе нема да биде составено од три букви поставени во елипсата, бидејќи знакот по кој е препознатлива компанијата е дизајниран во 1994 година.

Сега трите букви од името на компанијата ќе добијат помодерен изглед и ќе бидат меѓусебно поврзани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This