дома Актуелно (Видео) Полиција мaлтpeтира новинари во Кочани

(Видео) Полиција мaлтpeтира новинари во Кочани

По инцидентите во т.н. ромско маало во кочани, бројна полициска патрола, наместо оние кои вршеа поткуп во ромското маало и агитираа и покрај тоа што е изборен молк, ја запре екипата на Инфомакс.

„Не легитимираат, се закануваат дека ќе не апсат, ако се приближиме и слично. Се чувствувам како да сум во Бејрут, како да сум во Чад, Сенегал, некаде во северна Африка каде што се одвиваат некакви воени дејствија. Така се чувствуавам во моментов во Кочани“, известува Александар Митовски од терен.

„Тоа е тоа прогресивно општество и лидерот на СДСМ, и господинот Зоран Заев, и ако сака Цивил слободно нека ме објави, нека ме рецензира дека ја сум кажал која партија тоа во Кочани врши незаконска агитација, незаконски поткуп и сл. Џабир Дерала, слободно да ме објавиш, затоа што јас сум го прекршил изборниот законик бидејќи сум кажал која партија врши незаконски поткуп во Кочани за да добие градоначалник. Брука, мизерија и срамота. Да барате да ве гласате со пари, тоа е да барате некој да ви биде другарче за 50 евра.“, реагира Митовски револтирано.