дома Македонија (Видео) ПОЛНИ ОЧИ УБАВИНА: Ансамблот “Македонија” го разви Тешкото во Бигорскиот манастир

(Видео) ПОЛНИ ОЧИ УБАВИНА: Ансамблот “Македонија” го разви Тешкото во Бигорскиот манастир

Вчера за време на Манастирската слава на Бигорскиот манастир, Ансамблот “Македонија” настапи со своја програма на пригодната свеченост.

Во рамки на настапот беа презентирани носии од Дебарско- Реканската етнографска целина а за време не егзибицијата беа исполнувани повеќе вокални нумери и наративи.

Со посебен пиетет и воодушевување од присутната публика беше проследена изведбата на орото “Тешкото”, кое што членовите на овој ансамбл го изведуваат со посебен сентимент.