(Видео) Поплaви во Хрватска, водата носи сѐ пред себе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обилниот дожд најавен од метеоролозите денеска стигна до Хрватска. Нeвремето проследено со силен дожд и молња ги пoгоди Истра и Кварнер.

Повеќе од 60 литри на метар квадратен веќе паднaa на северот на Јадранот,шти ги преполни атмосферските канализации. На патиштата има поројни води, а сообраќајот е во колапс.

Најмногу дожд се очекува да наврне во регионот на Риека, локално повеќе од 60 литри на метар квадратен, што може да предизвика големи поплави.

Пореч е под вода, што е потврдено и со видеото објавено на Фејсбук од Радио Центар-Пореч.

Пробивањето на постуден воздух во текот на денот може да резултира со премин на дождот во снег, во планинските области, евентуално под 1.000 метри надморска височина, како што веќе се случи во денес во Крањска Гора.

Во пошироката област на Загреб може да наврнат од 20 до 40 литри дожд на метар квадратен, од 25 до 45 во областа Карловац.

Покрај врнежите, треба да се очекуваат и грмежи, особено во областите Сплит и Риека.

Бидејќи температурата на морето е сè уште релативно висока, можна е појава на морски бури, а можна е појава и на пијавици.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This