дома Европа (Видео) Потона руски товарен брод, најмалку двајца зaгинaти

(Видео) Потона руски товарен брод, најмалку двајца зaгинaти

Најмалку пет лица се спасени, а две лица загинаа, oткако руски товарен брод со 13-член екипаж потона крај брегот на турската црноморска провинција Бартин.

„Пет лица се спасени од рускиот товарен брод“, изјави гувернерот на Бартин, Синан Гунер, цитиран од агенцијата Анадолија.

Гувернерот Гунер соопшти дека загинале најмалку две лица од бродот.

„На бродот имаше 13 лица, сите руски државјани. Досега знаеме дека пет лица се спасени и пронајдовме две тела на починати морнари“, изјави гувернерот.

Причината за несреќата засега е непозната.