(Видео) Потоп во Франција: Издадено црвено предупредување, за шест часа наврнало повеќе дожд отколку последните два месеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силно невреме и поплави ја погодија француската провинција Окситанија, а за шест часа падна количеството дожд, кое инаку паѓа за два месеци.

Француската метеоролошка служба издаде црвено предупредување за овие делови на земјата, поради опасни и многу интензивни катастрофи. Предупредувањето значи дека граѓаните треба да останат во своите куќи и да избегнуваат излегување и возење. Нивото на реките рапидно расте, па се стравува дека последиците од поплавите би можеле да бидат уште полоши.

За време на поплавите, евидентирани се 23 случаи на луѓе заробени во автомобили, спасени од специјално обучени пожарникари.

Покривот на еден од големите супермаркети се урна за време на невремето.

Порој на вода и кал превртеа автомобили и поплавија неколку патишта, вклучувајќи го автопатот А9 помеѓу Монпелје и Ним, како и железницата.

На некои места беше забележано дека водата ги поплави училиштата додека учениците беа во нив, но сите тие успеаја безбедно да се евакуираат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This