дома Занимливости (Видео) По 30 часа – пoжaрникaрите во Торино спасиjа кутре од урнaтините...

(Видео) По 30 часа – пoжaрникaрите во Торино спасиjа кутре од урнaтините по експлoзиjaтa

Италијанските спасувачи извадија живо куче од урнатините на една куќа во Торино 30 часа откако се урна во експлозија во која загина едно момче.

Пожарникарите објавија видео на кое се гледа куче покриено со парчиња дрво и делови од ѕид во урнатини пред да објават дека кучето е добро.

Спасувачите биле повикани во вторникот по експлозијата што го срушила покривот, а по опсежната потрага го пронашле телото на четиригодишното момче. Пред тоа, тие спасија неколку луѓе. Се претпоставува дека причина за експлозијата е резервоар за гас, но истрагата е во тек.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.