дома Балкан (Видео) ПРАТЕНИЧКАТА ОДЛИЧНО Е СНАОЃА СО ТОПКА: Како Роналдо- пратеничката Јелена Тривиќ...

(Видео) ПРАТЕНИЧКАТА ОДЛИЧНО Е СНАОЃА СО ТОПКА: Како Роналдо- пратеничката Јелена Тривиќ е подобра и од некои фудбалери

Овие денови големо внимание во јавноста во Република Српска и БиХ привлече снимката која на друштвените мрежи ја објавила Јелена Тривиќ, народен пратеник во Собранието на Република Српска, а на кое таа жонглира со фудбалска топка.

На снимката која трае подолго од минута оваа убава политичарка, спортски облечена, повеќе од 100 пати ја удира топката. И тоа со леснотија која плени и на која може да ѝ позавидат и многу професионални фудбалери.

Оваа снимка предизвика изненадување во јавноста не само затоа што Јелена е жена и политичар, туку и вонреден професор на Економскиот факултет во Бања Лука и мајка на две деца. Докторирала во 2013 година на Економскиот факултет во Белград, а предава на Катедрата за меѓународни економски односи.