(Видео) Прогласена национална kaтacтрофа во Холандија: Пробиени насипите, илјадници ги напуштaaт свите домови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илјадници луѓе ги напуштија своите домови на југот на Холандија, откако водата се проби на насипите. Холандскиот премиер Марк Руте прогласи национална катастрофа во провинцијата Лимбург, која се наоѓа помеѓу силно поплавените области во Германија и Белгија.

https://www.youtube.com/watch?v=RxZcm1ZT6u4

Властите започнаа со евакуација на големи делови од градот Венлоа попладне.
„Има голема дупка во насипот. Оставете ги своите домови веднаш и одете на безбедно“, објавија службите за итни случаи во Мерсен. Тие исто така им порачаа на сите да ги исклучат струјата и гасот.

Армијата подоцна успеа да го зајакне насипот кај Мерсен, но наредбата за евакуација остана во сила.
„Ова е застрашувачко. Никогаш не сум видел вода да надоаѓа толку брзо“, рече еден од жителите.

Поплавите го зафатија и центарот на Валкенбург, кој е близу до границата меѓу Германија и Белгија. Многу куќи и најмалку еден мост се оштетени, пренесува Ројтерс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This