Снимката од Мелбурн Австралија изминатиов викенд покажува како полициска единица ги малтретира и тепа купувачите на намирници кои се обидуваат да купат храна и кафе пред да се вратат дома, додека втората снимка ги прикажува лутите демонстранти како возвраќаат, ја бркаат полицијата и гласно скандираат „СЛОБОДА“.
Лудото видео наликува на нешто од дистописки хорор филм.
Градот се уште е под локдаун по 245 дена, што го прави најдолгиот локдаунбило каде во светот, а вакцинацијата е задолжителна за сите државни работници.
Демонстрантите излегоа на улиците, а полицијата се судри со нив.
На работниците во државата Викторија, вклучувајќи малопродажни работници, лични тренери, пратеници, новинари, верски водачи, судии, полицајци, адвокати, чистачи, земјоделци, работници, актери и професионални спортисти им е наредено да се вакцинираат во текот на следните две недели или ризикуваат да ја загубат работата.
Стотици демонстранти беа уапсени од полицијата која упадна во Кралската ботаничка градина во Мелбурн:
Австралискиот премиер Даниел Ендрјус ги отфрли сугестиите дека задолжотелната вакцинација ги повредува слободите на луѓето, изјавувајќи „Не одржувам предавања за слобода од луѓе кои ќе не влечат сите надоле“.