April 24, 2024, 12:58 pm

(Видео) Протест на жителите на Илинден: Оставени со само четири автобуси дневно, бараат да се врати стариот возен ред

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку недели жителите на населбата Илинден протестираат бидејќи поради промената на возниот ред на автобусот со број 66, кој од почетокот на пандемијата, според новиот редуциран распоред, сообраќа само четири пати дневно, со што на тамошните жители им се скратени дури седум автобуси. И сега по стивнувањето на пандемијата и олабавувањето на мерките, возниот ред останал ист. Побарале објаснување од ЈСП, од каде им објасниле дека возниот ред од сабота и недела ќе важи и за работните денови.

„Последниот е во 15:10 и повеќе немаме, исклучени сме. Ние поднесовме барање, прво мислевме ради пандемијата. Пандемијата стивна, и очекувавме дека ќе ни го вратат. Меѓутоа, сѐ уште нема ништо. Се јавуваме во ЈСП, ни се обраќаат дека распоредот од сабота и недела ќе важи и за работните деноови. Ние работиме од понеделник до петок, сакаме да ни ги врата автобусите како што ни одеа. Ние имаме за цел ден само четири автобуси. Во 06ч, во 06:40, 09:10 и 15:10. Ние не можеме да живееме само со тие четири автобуси, ние сме село, под општина Илинден и треба да се заангажираат. Имаме деца што спортуваат. Не може да се вратат дома, испотени, талкаат по автобусите, Имаме жени, болни, што треба секојдневно да примаат терапија, дали хемотерапија, или било која, до здравство да стигнат, тоа ни е оневозможено“, реагираат жителите.

Тие бараат да се врати стариот возен ред, бидејќи сега имаат три автобуси кои поаѓаат од Илинден, а за назад имаат само еден и тоа во 15:10, а луѓето што подоцна да се вратат од работа,  децата кои посетуваат спортски активности попладне, но и лица што примаат редовна терапија се снаоѓаат како знаат и умеат.

„Нема автобуси и се надеваме дека ќе ни излезат во пресрет. Нашето барање е едно, да ни ги вратат автобусите како што беа пред пандемија бидејќи сега, овие 15 месеци градски вози по саботен возен ред, а тоа е седум автобуси помалку. И кога е во шпиц, не можат луѓе да се качат, бидејќи се возат луѓе од Автокоманда, од Маџари,од Пуста кула, и овде населба Илинден и Марино“, апелираат жителите на Илинден.

Прилогот можете да го погледнете ТУКА

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This