дома Русија (Видео) Путин го разгледуваше новото руско opyжје и вoeнa опрема

(Видео) Путин го разгледуваше новото руско opyжје и вoeнa опрема

Рускиот претседател Владимир Путин ја посети изложбата на оружје организирана од Националниот центар за одбранбено управување на Русија во Москва, каде што ги прегледа новите примероци на руска воена опрема и воена командна опрема.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шоиг му покажа на Путин дел од изложено оружје, вклучително и нова автоматска пушка.

На Путин му беше покажано и специјално лесно возило LSTS-1943 ( кабриолет „Сармат 2“), наменето и за воздухопловните сили и за маринците. Годинава возилото учествуваше на руско-белоруските стратешки вежби „Запад 2021“.