дома Свет (Видео) Пуkaње во болница во САД, повpeдени неколку лица

(Видео) Пуkaње во болница во САД, повpeдени неколку лица

Едно лице отворило оган во клиника во американскиот град Бафало и ранило неколку лица.

Пукањето се случило денес на клиниката Алина, која се наоѓа на околу 64 километри северозападно од Минеаполис во американската држава Минесота, соопшти полицијата на Бафало за АП.

Американските медиуми јавуваат дека има повеќе ранети, но засега нема податоци за убиени.

Според „Њујорк пост“, пет лица биле повредени, а во болницата одекнала експлозија.

Според овие наводи, едно лице е уапсено.