дома Свет (Видео) Пaднa и „пocледниот диктaтop“ во Европа, Лyкaшeнко пoбегнa во Турција?

(Видео) Пaднa и „пocледниот диктaтop“ во Европа, Лyкaшeнко пoбегнa во Турција?

Мртви и повредени во Минск по протестите кои избувнаа ноќеска откако на изборите во Белорусија со огромна предност победи претседателот Лукашенко.

Во инцидентите во кои се користат гумени куршуми и солзавец едно лице беше прегазено со камион а повеќе граѓани на Минск се повредени во пресметките со специјалните сили на белоруското МВР.

Профил на хакерската организација Анонимус објавува информација од системот за следење на апликацијата PlaneFinder која ги следи сите летови на светот, според која авионот на Белорускиот претседател Лукашенко вечерва се упатил кон Турција.

Засега нема потврда за овој лет од страна на белоруските или турските власти.

Информацијата за наводното бегство на последниот диктатор во Европа доаѓа по масовните протести во триесетина белоруски градови каде граѓаните незадоволни од лажните изборни резултати побараа пребројување на гласовите.