April 25, 2024, 12:45 am

(Видео) Пoвтopнo ecкaлиpa cocтojбaтa вo Косово: Албин Курти физички нaпaднaт вo Митровица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За време на партискиот собир на Самоопределување, во јужниот дел на Косовска Митровица, едно лице физички и со навреди го нападна лидерот на тоа движење и поранешниот косовски премиер, Албин Курти, пренесуваат Репортери.

Еден од присутните на партискиот собир во Митровица жестоко го навредил водачот на Самоопределување и се обидел физички да се пресмета со него, што било спречено од обезбедувањето, пишува приштинскиот весник.

Реагираше и градоначалникот на Јужна Митровица, Агим Бахтири, кој се обиде физички да се пресмета со тој граѓанин, пренесува Косово онлајн.

Заминувањето на Вјоса Османи и Албин Курти на северот на Косово предизвика бројни проблеми и несогласувања. Во текот на денешниот ден, претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК) реагираа со изјава во која сметаат дека лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти и в.д. претседателот на државата, Вјоса Османи, го посрамотиле уставниот поредок и Косово со тоа што отишле во Северна Митровица да собираат ефтини политички поени.

Повеќе од една деценија, Албин Курти зборуваше за „одење во Митровица“, и тие негови постапки се управувани од омраза да докаже дека државата Косово е неспособна и пропадната. Тој се обидува да профитира политички на штета на институциите, а денес ја посрамоти државата и сериозно влијаеше на достигнувањата во тој дел на Косово, се наведува во соопштението на ДПК, кое го пренесе приштинскиот весник Газета експрес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This