(Видео) Пoвeќe oд двe нeдeли oдpoнитe нa пaтoт Кочани-Македонска Каменица и Делчево ce oпacнocт зa житeлитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се спасија од дупките, ама не и од одроните. Жителите на Македонска Каменица и Делчево секојдневно ризикуваат возејќи по магистралниот пат од овие две општини кон Кочани и Штип.

Овој патен правец е најкратка и единствена врска на истокот со Бугарија, но често е затворен поради одрони. Џек пот е што досега немало жртви, иако опасноста демне. Пред една недела огромен камен падна врз автомобил во движење и сериозно го оштети.

Од Јавното претпијатие за државни патишта велат градежни експерти веќе биле на терен, но ќе се почека со санација бидејќи свлечиштето е уште активно. Да се нормализира состојбата се обезбедени средства во висина од еден милион денари.

– Дотогаш за безбедно одвивање на сообраќајот направена е девијација (обиколница околу свлечиштето) која се одржува со тампонирање и за која е предвидено исто така да се асфалтира кога временските услови ќе бидат поволни.  Карпите нема да се отстрануваат засега, бидејќи служат како заштита од нови одрони, велат од ЈПДП.

Честите одрони влијаат врз бизнисот, алтернативниот пат преку селото Бигла е реконструиран и проширен од три на пет метри, но не е дозволен за камиони, што значи дополнителни километри за тешките товарни возила што во државава влегуваат или излегуваат преку граничниот премин Делчево, бидејќи мора да возат преку Пехчево и Берово.

За жителите од Делчево најдобро решение е целосно да се реконструира стариот пат кон Кочани преку Калиманско поле во должина од 40 километри, но така не се решава проблемот на жителите на Македонска Каменица. Инаку со шест милиони евра оваа делница е рехабилитирана во 2018-та, кога беа санирани и дел од косините.

Но, проблемот не е решен. Според изјавите пред три години на тогашните првите луѓе на Државни патишта за целосно решавање на проблемот со свлечиштата потребна е нова Студија и најмалку седум до осум милиони евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This