дома Занимливости (ВИДЕО) Пoглeдoт би изглeдaл cпeктaкулaрeн: Кoгa би ја зaмeнилe Мeсeчинaтa со дpугитe...

(ВИДЕО) Пoглeдoт би изглeдaл cпeктaкулaрeн: Кoгa би ја зaмeнилe Мeсeчинaтa со дpугитe плaнeти од сoнчeвиoт cиcтeм

Сигурно дека еден ден нема да се разбудите и да го видите Јупитер на небото, но две неверојатни анимации покажуваат како би изгледало тоа.

Астрономот-aмaтер Николас Холмс на својот јутјуб-канал објавува видеа за вселената. Едно од нив покажува како би изгледало ако планетите во нашиот Сончев Систем орбитираат околу Земјата на растојание колку што е оддалечена Месечината.

Така, тој направил видео од небото над Хантсвил, Алабама, и ја заменил Месечината со другите планети. Анимациите подолу се резултат на неговата работа.

Џејмс О’Донг, планетарен научник кој работи во Јапонската вселенска агенција, вели дека големината на планетите во видеото е точна.

Во видеото го нема Меpкyp затоа што е малку поголем од нашата Месечина.

Холмс направил и ноќна верзија од сценариото. Видеото во продолжение ги покажува прстените околу Уран, а се појавува и месечината на Сатурн.