(Видео) Пoжapитe пpoдoлжyвaaт дa бecнeaт вo jyжнa Турција: Дoceгa ce пpиjaвeни 3 cmpтни cлyчаи, а пoвeќe oд 100 лицa ce пoвpeдeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку пожари горат во Турција. Екипи на терен се обидуваат да го контролираат пожарот во областа Аланија во Анталија. Пожарот, од засега неутврдени причини, избувнал во шумска област во населбата Јеникој.

На терен има голем број екипи кои се обидуваат да го контролираат пожарот што се приближи до населбата од воздух и од копно.

Шумскиот пожар се приближи и до хотелскиот комплекс во Милас во областа Мугла.

Екипи работат на гаснење на шумски пожар што избувна во Ајинџик во провинцијата Мерсин, во југоисточна Турција.

Бројни туристи ги напуштаат хотелите во регионот Анталија.

Пријавени се три смртни случаи, а повеќе од 100 се повредени откако пожарникарите се борат со пожарите што го зафатија медитеранското одморалиште на јужниот брег.

Во соопштението на Турската канцеларија за управување со катастрофи и управување со вонредни состојби се вели дека вчера избувнале пожари на четири точки во областа Манавгат во Анталија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This