(Видео) Пoплaвитe бea пocлeднoтo нeштo штo гo cнимилa: Жeнa oд САД гo зaгyби живoтoт дoдeкa пpeнecyвaлa вo живo на Фејсбук зa cтpaшнoтo нeвpeмe…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жена од САД пренесувала во живо на Фејсбук од поплавите што ги погодија предградијата на малиот град Вејверли во Тенеси и тоа беше последното нешто што го снимила.

Имено, само неколку моменти подоцна, поројот ја однел, а несреќната жена починала.

“Па, ако некој ме види на Фејсбук во живо, не`преплави во Вејверли, Тенеси. Навистина страшно. Ова е страшно, боже мој”, рекла Линда Алмонд непосредно пред нејзината трагична смрт.

Како што потврдил нејзиниот брат Лео Балмонд, таа починала од давење по снимањето на видеото.

Преносот во живо од 70 секунди е еден од последните моменти на 55-годишната жена.

Да потсетиме, во големите поплави што погодија делови од американската сојузна држава Тенеси загинаа дваесетина луѓе.

Властите го потврдија бројот на загинати и исчезнати и рекоа дека вршат претреси од куќа до куќа во погодената област.

Рекордните врнежи до 43 сантиметри во некои области предизвикаа големи поплави во саботата попладне и навечер. Градот Вејверли, недалеку од главниот град Нешвил, бил особено тешко погоден. Стотици куќи биле уништени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This