дома Свет (Видео) Пoтpeсни cнимки од Авгaниcтан: Никoј не се гpижи за нас, ќе...

(Видео) Пoтpeсни cнимки од Авгaниcтан: Никoј не се гpижи за нас, ќе умpeмe пoлека

Активистката за човекови права Масих Алинеџад сподели видео во кое вели „Срцето ми се крши за жените во Авганистан“. Видеото кое досега има дури 670.000 кликови покажува девојка во Авганистан, која зборува за лошата судбина на жените во Авганистан, иако автентичноста на видеото се уште не е докажана.

„Ние не сме битни бидејќи сме родени во Авганистан. Никој не се грижи за нас. Ќе умираме полека во историјата. Нели е тоа смешно, вели девојката и плаче додека раскажува.

Талибанците се повеќе ја завземаат територијата на Авганистан а додека тие владееја на жените не им беше дозволено да работат, да се образуваат ни да се лекуваат кај мажи лекари, освен ако со нив е мажот. Жените, кои според нивните убедувања го имаа прекршено законот беа казнувани со затвор, јавно камшикување и егзекуција.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.