дома Политика (Видео) Пpeнџов: Ќе ја оcтавите pajaта да пpoпадне ама ќе ги спасите...

(Видео) Пpeнџов: Ќе ја оcтавите pajaта да пpoпадне ама ќе ги спасите олигapcите

 

Пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов во Собранието на Република Македонија ја критикуваше изјавата на Зоран Заев со која тој најави дека Владата нема да им помогне на малите и на средните претприjатија да ја пребродат економската криза во која се наоѓа нашата држава. Пратеникот напомена дека 90 проценти од компанијата во Македонија се мали и средени претпријата, а истите креираат 69 проценти од додадената вредност во државата.

-Премиерот ни кажа дека 69 проценти од додадената вредност која што ја прават 90 проценти од фирмите во државата ќе ги остави да пропаднат, бидејќи требало да вложиме ние од нашиот буџет во локомотивите. А кои се локомотивите? Локомотивите се оние олигарси кои ја финансираат кампањата на СДСМ и го вршат поткупот. Ова не е прв пат, бидејќи сите овие компании кои што нема да пропаднат се компании кои што во 90-тите години го присвоија целиот општествен капитал, и сега истите ги потпомагаат да не случајно им фали влакно од косата, а сите други ќе ги оставите да пропаднат. Односно рајата ќе ја оставите да пропадне, ама олигарсите кои што Вие ги викате локомотивите на економијата мора не само да преживеат туку и да ја зголемат додадената вредност на своите фирми, вели Пренџов.