дома Европа (Видео) Пykaње во близина на домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон,...

(Видео) Пykaње во близина на домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, зaгинa едно лице

Лондонските полицајци застрелаа маж во близина на палатата Кенсингтон, домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Полицајците беа испратени во централниот лондонски кварт Кенсингтон во саботата попладне за да ги истражат информациите за вооружен маж кој влегол во банка и во обложувалница.

Според соопштението на полицијата, мажот со возило го напуштил местото на настанот и бил запрен кај Портата Палас.

Полицијата соопшти дека биле испукани истрели, а мажот се здобил со прострелни рани пред да биде прогласен за мртов на местото на настанот.

Инцидентот не се третира како тероризам.