дома Uncategorized (Видео) Рама до ЕУ: Сакаат …. но не сакаат да влеземе

(Видео) Рама до ЕУ: Сакаат …. но не сакаат да влеземе

Рама порача дека она што е фундаментално е дека двете земји оствариле се што ЕУ побарала од нив и ќе продолжат да работат и во иднина.

„Не сме ние тие коишто не успеавме, тие не успеаја. Тие ги имаат своите причини и ги разбирам тоа е нивниот дом, а ние сакаме да влеземе во таа куќа. Ние сме европејци без ЕУ, ние сме ЕУ, но сепак сме Европа. Единствениот проблем е што сепак тие можеа да кажат „ние ве сакаме, сакаме да бидете внатре но имаме некои работи кои прво треба да си ги решиме. Вашите простории, вашите соби се уште не се подготвени“. Тоа што тие постојано го викаат е вие уште не сте подготвени, но тоа не е вистина. Едноставно можеа да кажат „си ја завршивте работата, но ние не сме подготвени“, рече Рама.