дома Македонија (Видео) РАСТЕ ПОДДРШКАТА: Преспанско Пелагониската Епархија ќе се вклучи во маршот за...

(Видео) РАСТЕ ПОДДРШКАТА: Преспанско Пелагониската Епархија ќе се вклучи во маршот за поддршка на традицијата, бракот и смејството

Преспанско Пелагониската Епархија на МПЦ излезе со соопштение во кое го поддржуваат маршот на “Сојуз за живот” кој ќе се одржи на 29.06.2019 година, а има за цел поддршка на традицијата, бракот и семејството.

Собирно место за поворката која ќе прошета по улиците на Скопје е платото пред црквата „С. Богородица“ (помеѓу МНР и МАНУ) од 10 до 11 часот, а околу 11 часот е предвидено да тргне поворката во прошетка што сведочи живот.

“ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА БЛАГОЧЕСТИВИОТ НАРОД ВО ПРИЛЕП

ЦЕЛОТО СВЕШТЕНСТВО, МОНАШТВО И ВЕРНИОТ НАРОД НА ПРЕСПАНСКО ПЕЛАГОНИСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА, во целост ја поддржуваме граѓанската иницијатива на здруженијата соединети во „СОЈУЗ ЗА ЖИВОТ“ и ќе се потрудиме во што поголем број, со целите свои семејства, да бидеме присутни на Светата Литургија во храмот на Мајката Божја во Скопје во сабота на 29.06.2019 г., во 08:30 часот, просејќи и измолувајќи го Нејзиното моќно застапништво, и потоа сите заедно ќе учествуваме во ПОВОРКАТА ПОСВЕТЕНА НА СВЕДОЧЕЊЕТО НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ СЕМЕЈНИ ВРЕДНОСТИ.

НА 29.06.2019 г., САБОТА, во 05.45 часот збирно место пред реклами, тргнување за Скопје во 06:00 часот со автобус којшто е обезбеден како слободен превоз. Заради капацитетот на седиштата ве замолуваме да не исконтактирате на телефонските броеви:
077 716 071
070 840 015

П.С. Ги замолуваме сите наши духовни чеда, браќа и сестри во Христа, да го споделуваат што повеќе овој апел, за да бидеме што побројни на настанот и во поворката, со цел што посилно да посведочиме, сите заедно, што за нас како христијански народ е нормално и прифатливо”