дома Занимливости (Видео) Редок небески спектакл, сонцето и месечината ќе формираат „огнен прстен“

(Видео) Редок небески спектакл, сонцето и месечината ќе формираат „огнен прстен“

Пристигнува летниот долг ден, а со тоа и редок небесен феномен – првото сончево затемнување од оваа деценија треба да формира „огнен прстен“ на небото, со што ќе започне нова сезона на спектакуларен начин.

Во одредени делови на источната хемисфера, луѓето ќе можат да го следат затемнувањето на Сонцето меѓу 20 и 21 јуни , а жителите во другите делови на светот ќе можат да го следат спектаклот преку Интернет.

Сончево затемнување се случува кога Месечината за време на нејзината ротација застанува помеѓу Земјата и нашето сонце. Обично тоа е делумно затемнување и ретко се случува да се случи целосно затемнување.

Овој пат Месечината ќе блокира 99,4 проценти од површината на Сонцето, така што на небото ќе се формира тенок прстен на оган, пренесува РТС.

Според НАСА, небесниот спектакл ќе биде видлив, доколку то а го дозволуваат временските прилики, претпладне од Африка, додека подоцна во денот, жителите во делови од Азија ќе можат да го видат, а за време на самракот ќе биде видлив преку Тихиот океан.