дома Храна Видео рецепт: Брзи ванила коцки меки како перниче

Видео рецепт: Брзи ванила коцки меки како перниче

Направете вкусни ванила коцки по супер рецепт.

СОСТОЈКИ:

5 јајца

4 лажици шеќер

50 мл. вода

50 мл. масло

7 лажици брашно

1 прашок за пециво

700 мл. млеко

2 кеси пудинг од ванила

4 лажици шеќер

1 лажичка екстракт од ванила

100 гр. маргарин

ПОДГОТОВКА:
Се матат белките со шеќер и се додаваат жолчките, па масло и вода додека матите.
Се додава на крај брашно и прашок за пециво.

Се става во плех и се пече на загреана рерна на 200 степени 30 минути.
Се меша шеќерот со пудинг, па се става 200 милилитри млеко и се меша да нема грутки, а остатокот од млеко се става да зоврие, па се става пудингот.

Се лади потоа со фолија, па се додава маргаринот и се мати и се става и ванилата.
Се сече бисквитот и се става фил, па се поклопува.

Ова е деталната подготовка: