Направете бајадера торта, брзо се прави, побрзо се јаде.
СОСТОЈКИ:
5 јајца
5 лажици ореви
3 лажици брашно
100 гр. чоколадо
3 пудинзи од ванила
200 гр. маргарин
300 гр. шчаг
100 гр. шеќер во прав
750 мл. млеко
200 гр. шеќер
ПОДГОТОВКА:
Се матат јајцата со шеќер и се ставаат и ореви и брашно,, па се става смесата во плех со хартија, и се пече 20 минути на 200 степени.
Се дели на два дела кората, па се вари млекото со пудинг со постојано мешање.
Се мати маргаринот со шеќер во прав и се додава во пудингот, па се дели на два дела.
Се става чоколадото во едниот дел.
Се зема кора и се премачкува со светлиот фил, се става втора кора па темен фил, па кора со светол, па пак кора и темен фил.
Се украсува со шлаг.