April 16, 2024, 10:56 am

(Видео) Руска нykлeapнa пoдмopницa иcтpeлa чeтиpи интepкoнтинeнтaлни 6aлиcтички paкeти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руска нуклеарна подморница, како што беше соопштено, денес успешно испука четири интерконтинентални балистички ракети, што, како што вели агенцијата АП, е демонстрација на подготвеноста на руските нуклеарни сили среде напнатоста со Соединетите Држави.

Министерството за одбрана соопшти дека подморницата „Владимир Мономах“ од Пацифичката флота брзо и последователно лансирала четири ракети „Булава“ од подводната позиција во Охотско Море.

Лажните боеви глави на тие ракети ги погодиле целите на стрелиштето во регионот Архангелск, на северозападот на Русија, оддалечено повеќе од 5.500 километри, се вели во соопштението на Министерството.

https://youtu.be/zEZunVJbvZM

„Владимир Мономах“ е една од новите нуклеарни подморници од класата „Бореи“, кои носат по 16 проектили „Булава“ и кои се јадрото на поморската компонента на руските нуклеарни сили во следните децении.

Друга подморница од истиот тип изврши слично лансирање на четири ракети „Булава“ во 2018 година, што, според АП, претставувало скапа демонстрација на ефективноста на нуклеарното одвраќање на Русија, со имитирање на условите на голем нуклеарен конфликт.

Во денешниот извештај до претседателот Владимир Путин, министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека лансирањето било крај на големата вежба на стратегиските нуклеарни сили на Русија, која почна во средата.

Како дел од тие маневри, друга руска нуклеарна подморница лансираше и една интерконтинентална балистичка ракета од Баренцово Море, копнен ИЦБМ беше лансиран од објектот Плесецк во северозападна Русија, а стратешките бомбардери Ту-160 и Ту-95 истрелаа крстосувачки ракети кон полигоните на Арктикот.

Русија ги прошири своите воени вежби во последните неколку години во екот на тензиите со Западот, откако поради руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година односите сега се најлоши од Студената војна.

Серијата лансирање ракети доаѓа помалку од два месеци пред американско-рускиот договор за контрола на оружјето Нов СТАРТ да истече во почетокот на февруари.

Москва и Вашингтон разговараа за можноста за негово продолжување, но досега не беа во можност да ги надминат разликите.

Нов СТАРТ беше потпишан во 2010 година од претседателите Барак Обама и Дмитриј Медведев.

Тој ги ограничува двете држави на максимум 1.550 распоредени нуклеарни боеви глави и 700 распоредени ракети и бомбардери и предвидува обемни теренски прегледи за да се потврди почитувањето на договорот.

Откако и Москва и Вашингтон минатата година се повлекоа од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел од 1987 година, Нов СТАРТ е единствениот преостанат договор за контрола на нуклеарното оружје од две нации што сè уште важи.

Застапниците за контрола на вооружувањето предупредуваат дека со неговото истекување ќе ја снема целата контрола врз американските и руските нуклеарни сили, што претставува закана за стабилноста на светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This