дома Свет (Видео) Рускиот Иљушин во акциja во Турција: Еве каква пomoш му испрати...

(Видео) Рускиот Иљушин во акциja во Турција: Еве каква пomoш му испрати Путин на Ердоган

Авион на руската служба за итни случаи Иљушин-76 слета денеска во Турција за да им помогне на тамошните власти во гаснењето на пожарот што беснее во околината на Анталија.

Три авиони што Русија ги испрати во Турција, од типот Б-200, веќе се во акција и го гаснат пожарот во околината на Анталија.

Еден од авионите денеска го гаснел огнот неколку часа на потегот помеѓу градовите Анталија и Манавгат, објави ТАСС .

Турските власти побарале помош за гаснење на пожарите во близина на населбите и туристичките зони каде што се руските туристи.

Руското Министерство за одбрана и Руската служба за вонредни ситуации одлучиле да одговорат на барањето на Турција за помош со испраќање 11 авиони за гаснење на пожарите.

Пожарите избувнале во средата, недалеку од одморалиштето Манавгат, јужно од регионот Анталија, поради екстремно високите температури, а во четвртокот огнот се проширил и на други области, вклучително и одморалиштата во Ајдин и Мугла.

Видеото погледнете го тука, тука и тука.