дома Македонија (ВИДЕО) САМО МАКЕДОНИЈА И ВО ХРВАТСКА: ХРТ направи прилог за Илинден и...

(ВИДЕО) САМО МАКЕДОНИЈА И ВО ХРВАТСКА: ХРТ направи прилог за Илинден и Црешово топче кои ја дигнaa Далмација на нозе

Националната Хрватска радио-телевизија направи репортажа за настапот на Македонците во Сплит, кои со песна и музика ги дигнаа Далматинците на нозе. Во Сплит настапија КУД Илинден од Струга и групата Црешово топче.

Во опширниот прилог на ХРТ, поврзан со најголемиот македонски национален празник Илинден, објавува и изјави на млади Хрвати кои изјавуваат дека го сакаат македонскиот фолклор, биле во Македонија и не им било тешко да го научат македонскиот јазик.

Националната телевизија на Хрватска во целиот прилог говори за Македонија и за Македонци, без придавката пред името на државата.