дома Русија ВИДЕО: Сателитска снимка од еколошката катаcтрофа во Русија

ВИДЕО: Сателитска снимка од еколошката катаcтрофа во Русија

Руската вселенска агенција објави снимка од вселената со која ја прикажува еколошката kaтacтpoфа во Норилск, каде еден резервоар од термоелектраната излеа големи количини на дизел гориво.

На снимките добро се гледа загадyвaњето на реката Амбарна во близина на езерото Пјасина, како и територијата на целата термоелектрана.

Експертите утврдија дека вкупно се загадени речиси 200.000 квадратни километри, што е седум пати поголема површина од градот Норилск.

Претходно од руската државна агенција за заштита на животната средина “Росприроднадзор”, изјавија дека методот на палење нема да биде користен за време на санирањето на оваа kaтacтpoфа.

Инцидентот се случи минатиот петок кога во темоелектраната дојде до дехерматизација на резервоарот со дизел гориво, која предизвика излевање на 20.000 тони нафтени деривати во реката.

Рускиот претседател Владимир Путин денес го критикуваше милијардерот, Владимир Потањин, сопственик на компанијата “Норникел”, која е директно одговорна за еколошката kaтacтpoфа.