(Видео) Сашо Мијалков ocyден на 12 Гордана Јанкуловска на четири години затвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, и екс министерката за натрешни работи Гордана Јанкуловска прогласени за виновени за случајот „Таргет Тврдина“. Мијаков беше гонет за три кривични дела, односно „Злоупотреба на службената положба и овластување” за што е осуден на казна затвор од 5 години, за „Злосторничко здружување” на казна затвор од 5, и за “Примање награда за противзаконито дејствување” на казна затвор од 3 години, или вкупно 12 години.

Полицајци денеска го спроведоа екс директорот на УБК Сашо Мијалков од куќен притвор во Кривичниот суд за да ја слушне пресудата за предметот „Таргет Тврдина“, кој се однесува за нелегално прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање започна во декември 2017 година. Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов.

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани.

Судскиот совет на Кривичниот суд кој постапуваше по предметот Таргет-Тврдина едногласно ги прогласи за виновни сите обвинети

На Сашо Мијалков кривичниот суд му одреди казна затвор од 12 години

На Гордана Јанкуловска кривичниот суд и одреди казна затвор од четири години

Горан Груевски осуден на казна затвор од 15 години

Тони Јакимовкси е осуден на казна затвор од 6 години.

Никола Бошковски осуден на казна затвор од 15 години.

Надица Николиќ осудена на казна затвор од три години.

Васил Исаковски условна осуда од две години.

Владимир Варелов условна казна од две години.

Валентина Симоновска условна осуда од две години.

Силвана Златкова условна осудена од две години.

Марјан Шумуликовски условна осуда од две години

За потсетување, во неделата вечерта Сашо Мијалков исчезна по што полицијата започна и меѓународна потрага по него, за по два дена да се појави со тврдење дека бил во изолација поради висока температура.

Читање на пресудата за Сашо Мијалков, 26.02.2021

Читање на преесудата за Сашо Мијалков, 26.02.2021

Posted by infomax.mk on Friday, February 26, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This