дома Македонија (Видео) Светот како да заборави што е инфekциja: Доктop Пановски за paзликата...

(Видео) Светот како да заборави што е инфekциja: Доктop Пановски за paзликата помеѓу пoзитивни и зaбoлeни

Во Македонија и во целиот свет се прави истата грешка како да е заборавено што е тоа инфекција потенцираше професорот Никола Пановски во гостувањето во емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс. Тој напомена дека мора да се прави разлика помеѓу позитивните и заболените, односно оние кои го имаат вирусот, а не покажуваат никакви симптоми. Пановски говореше и за проблемите со кои се соочувал кога говорел што е инфекција, па морал да цитира учебници.

-Како да е заборавено, што е инфекција. Јас морав да цитирам учебници, тој учебник јас што сум го напишал, моите колеги, сме го препишале, не сме го измислиле. Значи секој светски учебник да го отворите во поглавјето инфекција или инфективна или заразна болест за овие вакви случаи не само што нема доказ дали е заболен, заболен е доколку има симптоми кои одговараат на болеста на Ковид, тогаш можеме да кажеме дека е болен. Дури и да не е позитивен ние кога има грип од 37 илјади кои имаа грип, само 700 се докажани, другите се кажани клинички тие имале грип, така било со години и секаде во свет, не се тестираат сите. Доволно е да има клиничка слика, а ова брисот од нос би бил потврда. Ако е само позивитен во носот, а нема клиничка слика може да е инфициран, а може дури и да не е инфициран. Може да е инфекција без симптоми организмот успева да го контролира вирусот без да направи оштетувања и така си проаѓа. Така и најголем број од вирусните заболувања во историјата секога проаѓаат, без да знаеме дека сме се имунизирале, вели Пановски.